Приведе штипјанец, возел со фалсификувана дозвола

од Берта Китинска
200 прегледи

Денеска во 10:05 часот во село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода J.И.(50) од Штип. При преглед и извршена сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „Фолксваген” со штипски регистарски ознаки со фалсификувана возачка дозвола,соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.