273
Денеска во 15:20 часот во Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага постапувајќи по распишана потерница од Основен суд -Скопје 1, го привеле А.Б. (38) од Скопје за издржување на казна затвор од една година и два месеци во врска со чл.236 ст.1 од КЗ на РСМ.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.