144
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска го лишиле од слобода Н.Р.(57) од Скопје. При преглед во возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
Како што информира МВР, Н.Р. бил лишен од слобода на локалниот пат Прдејци – Смоквица и бил задржан во полициска станица. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар.
– По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението.