Приведен бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години казна затвор

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, го лишиле од слободa Е.Л. (32) од Скопје, кој бил осуден на казна затвор од 15 години за сторени кривични дело по член 236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, информираат од МВР.

При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.

Лицето, како што информираат од МВР, било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идизово за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

Слични содржини