Приведен бегалец од кумановскиот затвор, вратен на доиздржување на казната

од Берта Китинска
115 прегледи

На 01.09.2022 во 17.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.Н.(30) од Штип. Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела, велат од МВР.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.