214
Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола вчера го лишиле од слобода А.М.(38) од Битола, осомничен за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола.
-Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.
А.М. бил приведен на стариот пат Прилеп – Битола додека управувал патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки.