Приведен Бугарин на Деве Баир

од Nikola Popovski
195 прегледи

Четириесет и едногодишен Бугарин е приведен вчера на граничниот премин Деве Баир бидејќи приложил фалсификувани документи.

„На 14.01.2024 во 18.40 часот на Граничниот премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификувани полиси за осигурување, од слобода бил лишен A.Д.И.(41) од Република Бугарија, кој управувал товарно моторно возило „ивеко“ со полуприколка со турски национални ознаки“, информираат од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Слични содржини