Приведен дилер од Куманово, пронајдена дрога

од Берта Китинска
222 прегледи

На 09.06.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Е.(47) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.