Приведен дилер од Охрид, пронајден кокаин

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера во 19:35 часот во Охрид го лишија од слобода А.К.(33) од Охрид. По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја.

-По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја. Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Слични содржини