Приведен дилер за издржување едногодишна казна затвор

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Во гостиварско Врапчиште синоќа околу 19.30 часот  полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате го привеле 23-годишниот Ф.А. од Врапчиште, соопштија денеска од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Слични содржини