Приведен гласач кој го фотографирал гласачкото ливче

од desk4
114 прегледи

Во полициската станица во Ѓорче Петров било приведено лицето Д.С. бидејќи го фотографирал гласачкото ливче.

Д.С. со мобилен телефон го фотографирал ливчето при гласањето на гласачкото место 2576/1 во ОУ „Ѓорче Петров“.

Поради овој инцидент гласањето на избирачкото место било во прекин 5 минути.