Приведен гостиварецот кој преку социјални мрежи се заканувал на функционер од Влада

од Берта Китинска
343 прегледи

Синоќа по полноќ на скопскиот аеродром бил приведен 28-годишниот М.М. од Гостивар, кој се барал со централен распис од гостиварската канцеларија за криминалистички работи.

Ноќеска (10.07.2020) на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ е приведен М.М.(28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал соцентрален распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

На 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик. М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Северна Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Слични содржини