Приведен грчки државјанин на граничниот премин Богородица поради нудење поткуп

од Stefanija Kuzmanovska
470 прегледи

Денеска (02.09.2023) на граничниот премин Богородица во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп, соопшти МВР.

Имено, Х.Ј. се обидел да влезе во Република Северна Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон. Кога од страна на полициски службеник му било укажано дека мора да извади зелен картон, тој почнал агресивно да се однесува, а потоа му понудил поткуп од 20 евра на полицискиот службеник.

Х.Ј. е веднаш лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија.

Слични содржини