На 29 септември 2025 година, околу 20:00 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош го лишиле од слобода С.Н. (36) од Косово. Како што информираат од МВР, акцијата следела по пријава поднесена на 1 јули од ЕВН Македонија за неовластено преземање електрична енергија. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот, кој бил сопственик на продажен објект што претходно го изнајмил, незаконски користел електрична енергија.
При службениот разговор било констатирано и дека лицето нема регулиран престој во државата, бидејќи дозволата за престој му истекла на 15 септември 2025 година.
Против С.Н. е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство – Скопје.