Приведен крадец фатен на дело во Скопје

од Vladimir Zorba
190 прегледи

На 08.12.2022 на бул. „АСНОМ“ на подрачје на општина Аеродром- Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ц.Г.(39) од Скопје затоа што бил затекнат при обид да изврши тешка кражба односно да го внесе украденото во возило.

Во извршен службен разговор со полициски службеници од Одделението за криминалистичка работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје Ц.Г. го признал и појаснил начинот на извршување на кривичното дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини