129
На 13.01.2023 во 16.05 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(52) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.