267
Денеска (02.09.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М(19) од Битола. Тој се сомничи дека денеска одзел накит од Е.В од Австралија, со престој во Битола.
Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.