Приведен крадец во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

На 22.04.2023 во 00.05 часот на ул. „Антон Попов“ полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.М.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во стан.

Тој бил затекнат на местото на настанот од полициските службеници, кои веднаш го лишиле од слобода.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Слични содржини