Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

од Radmila Tasevska
193 прегледи

По преземени мерки од страна на Одделението за криминалистички работи Кисела Вода ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.М.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 26.07 и 27.07.2023 извршил две кривични дела тешка кражба и кражба на велосипеди на подрачјето Кисела Вода и Аеродром, соопштија денеска од МВР.

– Со него бил извршен службен разговор во кој во целост ги признал начинот на извршувањето на кривичните дела, а одземените предмети биле вратени на сопствениците. При извршување на службен разговор Ф.М. со штрафцигер се заканувал дека ќе се самоповреди, но бил спречен од полициски службеници, а притоа Ф.М. нападнал полициски службеник, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини