4,K
Во Скопје утрово е приведен крадец кој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор од две години.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 09:20 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во општина Гази Баба, е приведен Б. К.(44) баран со потерница врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“.
– Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, се наведува во соопштението од МВР.