Приведен крадец од Охрид

од Nikola Popovski
224 прегледи

На 06.09.2022 во 03.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(34) од Охрид.

Тој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари, накит и други вредни предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини