Приведен крадец од Тетово за издржување затворска казна

од Берта Китинска
138 прегледи

Тетовската полиција денеска 12:30 часот на улица „Илинденска“ во Tетово со судска наредба го привеле 30-годишниот тетовец Б.Ќ., осуден на две затворски казни од вкупно пет години и осум месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ казниви по член 236 од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, тетовецот Б.Ќ. попладнево бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.