Приведен крадец, пронајдени предмети поврзани со кривичното дело

од Vladimir Zorba
135 прегледи

На 10.07.2022 во 16.00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода Џ.П.(46) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Лицето биле приведено во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.