304
На 21.08.2021 во 19.00 часот на ул.„Пелагонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 235 и 236 од Кривичниот законик. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело, кои подоцна биле вратени на сопствениците, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.