127
Вчера во 06.40 часот на ул.„11ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(37) од Скопје.
Тој се сомничи дека во текот на ноќта на паркинг простор пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со употреба на сила и подесен алат одзел предмети од патничко возило „сеат кордоба“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ш.(59) од с.Трубарево, скопско.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.