224
На 27.08.2023 во 15.45 часот на улица „Панче Попоски“ во Гостивар, по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници од СВР Тетово-ПС Гостивар го привеле Ф.З.(33) од Гостивар, кој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 2 години.
Ф.З. е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ во Скопје, за издржување на затворската казна, соопшти МВР.