124
МВР информира дека денеска, во 15.50 часот, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР го лишиле од слобода скопјанецот М.З. (26).
– Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, известуваат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.