3,1K
Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 03.30 часот во скопско Шишево, го лишиле од слобода Џ.С.(25) од село Шишево, информираа од МВР.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Како што стои во соопштението, лицето e спроведенo во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.