Приведен криминалец баран со централна потерница

од Берта Китинска
368 прегледи

На 15.02.2022 околу 13.30 часот на подрачјето на Единицата за внатрешни работи Аеродром во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лише е од слобода Б.А.(42) од Скопје. За него била распишана Централна потерница со која се барал поради сомнение за сторено кривично дело по чл.239 од Кривичниот законик. Тој е приведен во полициска станица и од него се одземени товарно возило „фиат добло“, за кое се барал, и други предмети поврзани со кривичното дело и вратени на сопственикот, соопштија од МВР.

По документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини