300
Денеска (25 јули) во 17 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле А. Ш. (48) од гостиварско Калиште, осуден на затворска казна за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” .
Приведениот А.Ш. спроведен е во КПУ Затвор Тетово за издржување на затворската казна.