Приведен криминалец осуден на затворска казна

од Nikola Popovski
220 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека вчера (10.02.2021) околу 16.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот тетовец С.З., осуден на затворска казна за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „затајување“.

„По приведувањето, реализирано со судска наредба, тој бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната“, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини