Денеска (08.11.2022) во 02.25 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“ пред Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, Полициската станица Неготино и од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Е.Н.(41) од Велес, затоа што во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 21 мигранти од Сирија.
Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и се обидел да избега. Набргу бил запрен и лишен од слобода.
Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.