Приведен малолетник кај кого е пронајдена марихуана

од Radmila Tasevska
257 прегледи

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска на подрачје на Влае лишиле од слобода малолетник од скопско, кај кого е најдена и одземена кеса со марихуана.

Полицијата соопшти дека малолетникот бил приведен во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини