Полициски службеници вчера во Скопје, привеле малолетник за тешка кражба извршена во скопското село Ќојлија. Малолетникот го признал делото, а одземеното му било вратено на сопственикот.
– Вчера, во 14.30 часот, во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20 август 2023 во с. Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице, известуваат од МВР.
По извршениот службен разговор, малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.
– По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл. 236 од Кривичниот законик, соопштуваат од полицијата.