На 07.03.2022 во 18.00 часот од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода бил лишен од слобода С.С.(38) од с.Стење-ресенско со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ извршена во периодот од 21.08. до 15.10.2021 од оштетената В.С.(82) од Скопје.
-Таа пријавила дека од нејзината платежна картичка и биле повлечени 62.000 денари. По превземени мерки и активности утврдено е дека пријавениот е сторител на кривичното дело.
Со него бил извршен службен разговор во кој во целост го признал извршувањето на кривичното дело.
Имено тој ја сликал картичката на оштетената и истата во повеќе наврати ја употребил на интернет сајт, каде потрошил 62.000 денари. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосното документирање ќе следи соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.