Приведен маж за вознемирување на поранешната девојка, при апсењето мајка му ги нападнала полицајците

од Nikola Popovski
211 прегледи

На 01.11.2022 во 03.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Г.В.(41) од Скопје, затоа што околу 02.45 часот ја вознемирувал неговата поранешна 26-годишна девојка од радовишко село.

При приведувањето, неговата мајка Л.В.(75) од Скопје се однесувала агресивно и ги попречувала полициските службеници во вршење на службеното дејствие.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.