358
Полициски службеници од полициската станица Неготино синоќа го привеле 37-годишниот М.П. од Неготино бидејќи претходно физички ја нападнал неговата сопруга и нејзиниот татко и им се заканувал со нож.
Како што соопшти МВР, М.П. бил задржан во полициска станица, а ножот бил пронајден и одземен.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.