Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Министертвото за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го привело поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Министертвото за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го привело поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

-Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка превзема дејствија во рамки на негова надлежност, при што лицето кое што го споменавте е приведено од страна на МВР, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по отворање на реконструираната полициска станица во Бутел.

Тој истакна дека повеќе детали за предметот ќе бидат соопштени во најскоро време.

-Во текот на денешниот ден постапуваме во соработка со Јавното обвинителство, по нивни напатствија, така да во овој момент не би можел да издвојам повеќе детали во врска со овој предмет. Ќе следат за кратко информации во јавноста и од страна на МВР и од страна на ЈО, рече Тошковски.