Приведен поранешниот командант на „Лавови“, Горан Стојков

од Nikola Popovski
814 прегледи

Полицијата попладнево информира дека го привела Горан Стојков, поранешен командант на расформираната единица „Лавови“.

-На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната, стои во билтенот на МВР.

Стојков во случајот „Шпион“ беше осуден на 9 години затвор, а со пресуда на Апелацискиот суд казната му беше намалена на 3 години и 3 месеци затвор. Казната во целост ја отслужи.

Во случајот беа обвинети и осудени 17 лица, за шпионажа, за изнуда и за уцена. Обвинетите тврдеа  дека случајот е наместен и исконструиран.

Слични содржини