Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа бил приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. Како што информираат од Охридската полиција, Манасков физички го нападнал помошник-тренерот на РК Охрид.
-На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Охрид.
ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.