Приведен 49-годишник од Скопје поради сомнение дека околу 17 часот со закана со остар предмет одзел пари од вработена во финансиско друштво, информираат од МВР.
Според полицијата, веднаш по добиената пријава, биле преземени соодветни мерки и за околу еден час З. С. бил приведен на кејот 13 Ноември, а кај него биле пронајдени пари.
По документирање на случајот, против 49-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.