Приведен скопјанец по кого била распишана централна потерница

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Полициски службеници денеска во 07.45 часот на булевар „ВМРО“ на подрачје на Центар уапсиле едно лице.

„Полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(32) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години и 6 месеци, а се барал по централна потерница, по наредба на Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната“, информираат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа од страна на полициските службеници.

Слични содржини