Приведен скопјанец кој пукал со оружје на свадба

од Nikola Popovski
284 прегледи

МВР информира дека привело лице кое пукало со огнено оружје на семејна веселба.

Според податоците на полицијата, на 05.08.2021, околу 08.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

-Било утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

Ј.А. е изведен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во времетрање од 30 дена.

Слични содржини