Приведен сопственик на угостителски објект во Гостивар

од desk4

Приведен газда на кафуле во Гостивар. Во неговиот објект биле затекнати три лица кои биле послужени, а немале сертификат за примена вакцина. Обккетот е затворен, а против сопственикот ќе има и кривична пријава.

Од Пазарна велат дека во текот на утрешниот ден ќе бидат готови платните налози за казната што ќе треба да ја плати гостиварчанецот, како и решение за затоварање на објектот. Синоќа, освен во Гостивар пазарните инспектори контролирале на цела територија на државата. Направени се 550 конторли и составени се 17 записници. Лица без сертификат, освен во гостиварскиот објект, на друго место не се затекнати, но укажувања за почитување на протоколите имало на повеќе места.

Во моментов во затворени објекти може да се влезе со примена една доза вакцина. Министерот најави дека мерките од октомври ќе бидат заострени и за влез во кафуле, ресторан, трговски ќе биде потребен сертификат за примени две дози вакцина.

Цела Европа ги заострува мерките во пресрет на новиот бран зимава. Во Грција од почетокот на оваа недела до 31 март влез во затворни објекти е дозволен само за вакцинирани или за лица со негативен тест, а тестирањето е задолжително секоја недела на свој трошок.

В Словенија сите вработени во јавниот сектор мора да се или вакцинирани, прележани или негативни. Сетрификати се потребни и за влез во трговски, јавен превоз, здравствени установи.

Во Швајцарија, сертификат е потребен за влез во јавни институции, ресторани, фитнес-центри и други затворени простории, а обврската важи за лица постари од 16 години.

Во Италија 23 милиони вработени имаат обврска да се вакцинираат до 15 октомври, ако не ќе бидат суспендирани и ќе платат казна од 1500 евра.

Од 25 септември сертификат за во затворен објект сертификат ќе се бара и во Холандија.

Британија во пресрет на зимата воведува задолжителни сертификати, маски, работа од дома, но се подготвува и за нов карантин ако здравтсвеиот систем биде преоптоварен.

Слични содржини