Приведен струмичанец под сомнеж за тешка кражба во Струмица

од desk4
340 прегледи

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа во 23.30 часот го привеле  Н.Р., струмичанец на возраст од 30 години. При претрес на неговиот дом, се пронајдени предмети што потекнуваат од тешка кражба во возило, што била извршена на подрачјето на Струмица. Оваа информација е потврдена од Министерството за внатрешни работи денеска.

Н.Р. е задржан во полициска станица во Струмица. Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица е запознат со настанот и откако ќе се комплетира документирањето на случајот, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини