Приведен тинејџерот осомничен за пукањето во училиште во Тексас

од Nikola Popovski

Американската полиција го уапси тинејџерот Тимоти Џорџ Симпинс под сомнение дека отворил оган во средно училиште во Тексас.

Полицијата во градот Арлингтон во американската сојузна држава Тексас потврди дека ученикот кој пукал од огнено оружје во средното училиште Тимбервив во округот Далас за време на тепачка, ранил четири лица и побегнал.

Пукањето се случи само кратко време по сличен инцидент со огнено оружје во училиште во Хјустон, во кој беше ранет директорот на таа установа.

Најсмртоносното пукање во училиштата во Тексас се случи во мај 2018 година кога 17-годишник вооружен со пушка и пиштол отвори оган во средно училиште во Санта Фе во близина на Хјустон и уби 10 лица, од кои повеќето беа ученици.

Едно лице кое било повредено во вчерашното пукање одбило медицинска помош, а три се префрлени во болница.

 

 

 

Слични содржини