Приведен турски криминалец баран од Интерпол-Германија

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека денес (18.02.2022) на Граничниот премин „Аеродром Скопје“ на влез во Република Северна Македонија лишен од слобода е Е.А. од Турција, кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Германија за случај на перење пари, за кој е предвидена казна затвор до 10 години.

Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со јавното обвинителство презема мерки и активности за понатамошна постапка.

Слични содржини