Приведен жител на Лојане – во неговиот дом пронајдено оружје за кое немал дозвола

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Педесет и тригодишен жител на липковското село Лојане денеска е приведен бидејќи при претрес во неговиот дом е пронајдено оружје кое го поседувал без дозвола.

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е приведен Г.Н. и дека при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени една ловечка пушка и 50 куршуми без соодветна дозвола и потребна документација.

Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини