Приведена 40-годишна жена барана со потерница

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Полициски службеници денеска уапсиле тетовчанка барана со потерница за издржување затворска казна од две години.

-Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 12 часот на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје ја лишија од слобода В.И. (40) од Тетово, која била барана со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години, а во врска со кривично дело по член 201 од КЗ на Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР.

Како што наведуваат оттаму, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.

Слични содржини