230
Во Скопје во 13.45 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги ја лишиле од слобода С.К. (52) од Скопје, соопштија од МВР.
Како што стои во соопштението, С.К. била барана со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години, во врска со чл.144 ст.2 вв со ст.1 од КЗ на РСМ.
Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.